Connect with us

Арсенал и на зима ќе даде понуда за Даглас Луис

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, е многу загрижен поради честите повреди на играчот од средниот ред Томас Парти и смета дека тимот мора да се засили во средниот ред. Идејата на Шпанецот е да го доведе играчот за врска на Астон Вила, Даглас Луис.


Бразилецот ова лето беше интерес на „топчиите“, за него беа доставени две понуди, но и двете беа одбиени од Астон Вила.

Арсенал сега е решен да се обиде повторно на зима да го доведе, а цената ќе биде значително пониска, бидејќи Даглас Луис станува слободен играч по завршувањето на сезоната.

Се верува дека „топчиите“ се подготвени да понудат 15 милиони фунти.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови