Арсенал и Астон Вила стигнаа до триумф број 12 во Премиер – лигата и се најдоа на врвот на табелата. „Топчиите“ го совладаа Брајтон со 2-0 на „Емирати“ и се првопласирани со 39 бода, еден повеќе од Астон Вила која со пресврт триумфираше на гости кај Брентфорд.
Габриел Жесус го отвори резултатот во корист на Арсенал, а Каи Хаверц го потврди триумфот со голот во 87.минута.
Астон Вила со два гола во второто полувреме направи пресврт против Брентфорд, кој играше со фудбалер помалку од 71.минута поради исклучувањето на Бен Ме. Во финишот беше исклучен и Камара од Астон Вила.
Брентфорд поведе со голот на Кин Луис-Потер во 45.минута, но потоа стрелаа Морено и Воткинс за Астон Вила.
Вест Хем го победи Вулверхемптон со 3-0, со двата гола на Кудус и погодокот на Боувен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













