
Барселона ќе направи се што може оваа зима за да се ослободи од Фелипе Кутињо. Бразилецот во каталонскиот клуб пристигна од Ливерпул на почетокот на 2018 година како големо засилување, а клубот за него издвои околу 160 милиони евра, но тој никогаш не успеа да ги оправда очекувањата.
Кутињо игра далеку од формата што ја имаше во Ливерпул кога беше еден од најдобрите играчи на „црвените“, а Барселона очигледно нема повеќе трпение за него. Тој е и еден од најплатените играчи во тимот и неговото заминување значително би го олеснило буџетот за плати, па Барселона лесно би можела да ги регистрира засилувањата кои ги носи во зимскиот преоден рок. Можно е меѓу нив да биде и македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски.
Арсенал е клубот кој покажува голем интерес за Кутињо и каталонските медиуми најавуваат дека во наредните денови би можела да пристигне понуда од лондонскиот клуб. „Топчиите“ се подготвени да платат околу 20 милиони евра за Бразилецот, што секако би ги прифатиле во Барселона само Кутињо да го напушти клубот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Лацио се спаси од пораз против Јуве (ВИДЕО)

Интернационалци
Ајакс чукна на порти кај Елиф Елмас!

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната

Евро-фудбал
Артета: Ливерпул заслужува шпалир

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал
