Connect with us

Арсенал го сака Кутињо за Лигата на шампионите

Фелипе Кутињо во јануари пристигна од Барселона во Астон Вила, но можеби и нема премногу долго да се задржи во Бирмингем. Тој е на позајмица и ќе го носи дресот на Астон Вила до крајот на сезоната, но потоа можно е да се пресели во Лондон.


Арсенал е заинтересиран да го доведе Кутињо на „Емирати“. Менаџерот Микел Артета го сакаше и оваа зима, но тој на крајот замина во Астон Вила.

Кутињо одлично ја започна новата авантура во Премиер – лигата и покажа дека се уште може да игра на највисоко ниво.

Астон Вила има опција да го откупи Кутињо за 40 милиони фунти, но проблем е огромната плата која ја добива Бразилецот. Арсенал е подготвен да ги подмири неговите барања и да го доведе во Лондон. Во конкуренција би можел да биде и Тотенхем.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови