
Бразилскиот фудбалер Артур Мело, кој не се снајде во Јувентус, би можел да ја продолжи кариерата во Арсенал. Сепак, нема така лесно да го ослободат од Торино.
Јувентус не сака да го пушти на позајмица поранешниот играч на Барселона додека не донесе соодветна замена. Прв пик на „старата дама“ за дефанзивен играч за врска е Бруно Гимараеш од Лион, но цената што ја бара францускиот клуб е непремостлива пречка за италијанскиот тим во моментов.
На местото на Артур, тренерот Масимилијано Алегри ги има Родриго Бентакур, Адриен Рабио, Арон Рамзи и Вестон Меккени.
Јасно е дека е неопходно освежување во овој дел од играта, бидејќи Рамзи сигурно ќе замине, па Артур и понатаму е неопходен во ротацијата. Јувентус плати многу пари на Барселона за поранешниот играч на Гремио, а сега се надева дека ќе извлече барем половина од вложеното.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal