
Централниот бек на Арсенал, Вилијам Салиба, и официјално потпиша нов договор со клубот до летото 2027 година. Французинот, кој беше потпишан од Сент Етјен во 2019 година за 27 милиони фунти, стана еден од најважните играчи во обновениот тим на Микел Артета. Според многумина, токму неговата повреда поради која ги пропушти последните 12 натпревари од минатата сезона беше една од причините зошто Арсенал ја загуби битката со Манчестер Сити за титулата во Премиер – лигата.
Салиба е уште еден играч од овој тим кој својата иднина ја посвети на Арсенал. Пред него нови договори потпишаа Букајо Сака, Габриел Мартинели и Арон Рамсдејл.
Претходниот договор на францускиот репрезентативец истекуваше за една година.
„Продолжувањето на договорот со Вилијам е нешто што сакавме да го направиме долго време. Минатата сезона тој покажа колку е добар и колку е важен за нашиот тим. Возбудливо е што ја има таа способност на само 22 години. Секако, има уште многу да се развива“, изјави менаџерот на Арсенал, Микел Артета.
On est ensemble.
— Arsenal (@Arsenal) July 7, 2023
Wilo stays ❤️ pic.twitter.com/XxsneBf90m

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора

Евро-фудбал
Барселона без Левандовски на „Ел Класико“

Млади репрезентации
Младите фудбалери посакуваат триумф над Црна Гора
