Connect with us

Арсенал го освои „Олд Трафорд“ (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед остана на мизерни седум бода по шест меча во Премиер – лигата, откако загуби во дербито против Арсенал со 0-1. Проклетството на „Олд Трафорд“ оваа сезона ги демне избраниците на Оле Гунар Солскјер, во четвртиот меч го доживеа третиот пораз и се наоѓа на 15.место. 

Пјер-Емерик Обамејанг го постигна единствениот погодок на дербито, реализирајќи пенал во 69.минута. Погба го фаулираше Белерин во шеснаесетникот по што беше досудена најстрога казна. Ниту Единсон Кавани кој влезе во завршницата не успеа да промени ништо околу резултатот.

  

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови