
Душан Влаховиќ пред неколку дена одушеви со својата сјајна игра против Манчестер Сити во Лигата на шампионите, во меч во кој Јувентус славеше со 2-0. Веќе долго време се шпекулира за негово заминување од „старата дама“, а сега изгледа дека се појавија јасни индиции каде би можел да ја продолжи својата кариера.
Влаховиќ оваа сезона е во одлична форма, со десет постигнати голови и две асистенции на 18 натпревари. Сепак, често е цел на критики за непретворање на шансите во голови во клучни моменти, што ја зголемува можноста за негово заминување на крајот од сезоната.
Иако Јувентус би сакал да го задржи српскиот напаѓач, Влаховиќ одбива да го продолжи договорот кој истекува летото 2026 година. Клубот од Торино сака да избегне сценарио во кое играчот ќе замине бесплатно, па поради тоа е подготвен да го продаде на крајот од тековната сезона.
Италијанските медиуми пишуваат дека Јувентус ќе бара 60 милиони евра за Влаховиќ, а неговото име веќе се поврзува со неколку европски клубови. Сепак, Арсенал е во предност во трката за неговиот потпис.
Лондонскиот клуб, кој долго време го следи Влаховиќ, е подготвен да ја плати бараната сума од 60 милиони евра. Дополнително, се наведува дека самиот играч ги преферира „топчиите“ како следна дестинација и изразил желба да ја продолжи кариерата на „Емирати“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички се засили со Џелил Асани

Интернационалци
Езгјан Алиоски потпиша за Лугано

Интернационалци
Адеми со креативно видео претставен во Ујпешт

Интернационалци
Аријан Адеми потпиша за Ујпешт

Интернационалци
Мајорка е заинтересирана за Столе Димитриевски

Евро-фудбал
Наполи ќе се засили со Вања Милинковиќ-Савиќ
