
Англискиот премиерлигаш Арсенал очајно ја стартуваше новата сезона во Премиер – лигата, одбраната е несигурна, а нападот никако да профункционира. Поради тоа Микел Артета ќе се обиде да го освежи тимот со неколку засилувања. Бразилецот Вилијан е ставен на трансфер – листа, а според најавите, на „Емирати“ треба да пристигне „новиот Тиери Анри“.
Се работи за напаѓачот на Славија Прага, Абдала Сима, кој многу потсетува со стилот на играта на легендарниот фудбалер на Арсенал, Французинот Тиери Анри. За него, Артета е подготвен да плати дури 50 милиони фунти.
Јувентус и Лестер исто така се обидуваат да стигнат до потписот на Абдала Сима. Тој на последните 12 натпревари постигна девет гола во дресот на Славија Прага и има само 19 години.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дарко Чурлинов потпиша за Кочаелиспор

Евро-фудбал
Удинезе го шокираше Интер во Милано (ВИДЕО)
