
Трансферот на украинскиот интернационалец Олександр Зинченко од Манчестер Сити во Арсенал ќе биде финализиран во наредните неколку дена. Според медиумите на Островот, менаџерот на „граѓаните“, Хосеп Гвардиола, веќе дал зелено светло за продажба на Украинецот.
Арсенал за него е подготвен да плати околу 35 милиони фунти.
Зинченко (25) минатата сезона забележа 15 настапи за Сити во Премиер – лигата. Неговата желба да игра поредовно и поради таа причина е подготвен и да го заврши шестгодишниот престој на „Итихад“.
Зинченко ќе биде вториот играч на Сити кој Микел Артета ќе го ангажира ова лето, откако лондончани веќе го купија Габриел Жесус за кого платија 45 милиони фунти.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal