
Јуриен Тимбер е нов играч на Арсенал. Холандскиот репрезентативец пристигна од Ајакс во трансфер вреден 45 милиони евра (40 фиксни + 5 како бонуси). Тој потпиша договор до 2028 година.
Тимбер е дефанзивец кој најчесто ја покрива стоперската позиција, но може да игра и како десен бек.
„Навистина сме возбудени што ни се приклучи Јуриен. Тој е сестран и млад дефанзивец, ќе се вклопи во нашиот систем и ќе донесе многу квалитет во нашиот тим. Иако е млад, тој веќе постигна многу. Тој има искуство во европските натпреварувања, а освои и трофеи со Ајакс. Со нетрпение очекуваме да му посакаме добредојде и да го интегрираме во тимот“, изјави менаџерот на Арсенал, Микел Артета.
Тимбер својата кариера ја започна во Ајакс, за кој има 121 настап во сите натпреварувања. Тој дебитираше за Холандија во пресрет на Европското првенство во 2021 година и оттогаш одигра 15 натпревари во националниот тим.
Тимбер е второто засилување на Арсенал ова лето, по претходното доаѓање на Каи Хаверц од Челси. Наскоро треба да биде објавено и доаѓањето на Деклан Рајс од Вест Хем.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија и Арсими ремизираа без голови

Евро-фудбал
Конте: Видов победнички дух во тимот
