Connect with us

Арсенал даде понуда за Скамака, но и Интер е во шема

Англискиот премиерлигаш Арсенал е во потрага по нови напаѓачи ова лето, откако се раздели со Александре Лаказет, а претходно и со Пјер-Емерик Обамејанг. Пред преселба на “Емирати” е Габриел Хесус од Манчестер Сити, но менаџерот Микел Артета сака најмалку уште еден врвен реализатор.

Арсенал испрати понуда од 35 милиони евра за Џанлука Скамака.

Италијанскиот репрезентативец исто така е цел и на Интер, но Сасуоло не се согласува на продажба без да добие 40 милиони евра, плус дополнителни бонуси.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови