Искусниот француски стратег Арсен Венгер е најсериозниот кандидат за преземање на репрезентацијата на Швајцарија, откако досегашниот селектор Владимир Петковиќ го напушти кормилото за да го преземе францускиот клуб Бордо.
Според швајцарски „Блик“, Венгер би можел да се врати на тренерската работа по повеќе од три години, но овој пат во селекторска улога.
Венгер и Швајцарија беа во контакт уште во 1995 година, пред да го преземе Арсенал, но тогаш не беше постигнат договор.
Искусниот стручњак, кој е вработен во ФИФА од 2018 година, течно зборува германски и француски јазик, и според споменатиот извор, тој би бил краткорочно решение за клупата на Швајцарија. Поточно, до крајот на календарската година или евентуално до следниот март.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal