
Арне Слот, кој во последните денови беше посочен како фаворит за менаџерската функција во Тотенхем, не само што нема да го преземе лондонскиот клуб, туку својата иднина ја врзува за Феенорд. Вчера Холанѓанецот имаше средба со раководството на актуелниот шампион и двете страни се договориле тренерот да потпише нов договор со Феенорд, кој официјално ќе биде објавен за неколку дена.
„Слушнав многу гласини за интересот на другите клубови за мене. Иако сум им благодарен, мојата желба е да останам во Феенорд и да продолжам да го надградувам она што го создадовме минатата сезона. На вчерашната средба немаше преговори за трансфер. Беше посветен само на продолжување на мојот договор. Сите разговори со клубот секогаш биле само на оваа тема. Со нетрпение ја очекувам следната сезона со Феенорд“, изјави Арне Слот.
Тотенхем и понатаму е во потрага по нов менаџер, а опции има неколку, но сега повторно фокусот е кон Џулијан Нагелсман, поранешниот тренер на Баерн Минхен.

-
ВАРДАР ПАК Е ПРВОЛИГАШ: Убедливо го победи Скопје во баражот (ВИДЕО)
Најтрофејниот македонски клуб Вардар се врати во Првата лига откако убедливо го победи ФК...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА 2022/23 ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга ТЛ ја освои историската прва титула шампион на Македонија, откако излезе победник во...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Фудбалерите до 15 години подобри од Албанија

Евро-фудбал
Нејмар се договорил со Манчестер Јунајтед
