Connect with us

Арне Слот: Гостувањето кај Манчестер Сити е еден од најголемите предизвици за нас оваа сезона

Големото дерби на англиската Премиер – лига меѓу Манчестер Сити и Ливерпул е во фокусот на вниманието. Дуелот ќе се одигра в недела, со почеток од 17.30 часот.

Двата тима по 10 одиграни кола имаат значително заостанување зад лидерот на табелата, Арсенал. Сити има -6 бодови, а Ливерпул -7, па затоа претстојниот дуел е од огромно значење.

Ливерпул влегува во дербито во добро расположение, ја победи Астон Вила во првенството, а потоа и Реал Мадрид во Лигата на шампионите, ја прекина серијата на слаби резултати и во вистински момент го врати самодовербата.

Менаџерот на англискиот шампион, Арне Слот, истакна дека фокусот на екипата е исклучиво на сопствената форма и конзистентност.

„Изгубивме неколку натпревари повеќе од вообичаено, но сега победивме двапати. Концентрирани сме на подобрување на формата на играчите и ќе видиме каде ќе нè одведе тоа“, изјави Слот.

Тој нагласи дека има позитивни промени во однос на повредите, но и понатаму постојат неизвесности. Александар Исак се враќа на тренинзите по тринеделна пауза, но сè уште не е сигурно дали ќе настапи во Манчестер.

„Кога по 20 дена рехабилитација се враќате на тренинзите, не можете веднаш да бидете на нивото од пред повредата. Мора да му се даде време“, објасни Слот.

Енди Робертсон, кој одигра три натпревари во седум дена, исто така е под внимателен надзор на стручниот штаб, додека се очекува враќањето на Алисон Бекер и Џереми Фримпонг по репрезентативната пауза.

Слот е задоволен од последните победи, но предупредува дека пред Ливерпул е тежок предизвик против Манчестер Сити.

„Манчестер Сити е одличен тим со квалитетни играчи. Ова е еден од најголемите предизвици оваа сезона, особено на гостински терен. За сите нас ова е многу интересен и долгоочекуван натпревар“, рече Слот.

Тренерот особено истакна дека годините на играчи како Робертсон, Ван Дајк и Салах не се пречка за нивната важна улога на теренот:

„Тоа што некој има 32 години не значи дека е стар за да игра фудбал“, заклучи Холанѓанецот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови