Connect with us

Аријан Адеми во тимот на колото во Хрватска

Македонскиот репрезентативец и капитен на Динамо Загреб, Аријан Адеми, се најде во тимот на колото во Хрватска. Тој беше стрелец на првиот гол за Динамо во триумфот против Горица и одигра одличен меч.

Покрај него, од редовите на Динамо Загреб меѓу 11-те најдобри се најдоа и Мислав Оршиќ, стрелецот на победничкиот гол и Лукас Гргиќ.

Во тимот на колото се најде и Емир Сахити, фудбалерот за врска на Хајдук Сплит кој во минатото го носеше дресот на Работнички.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови