Аријан Адеми, поранешниот член на македонската репрезентација, го напушта Динамо Загреб и е на чекор до нова авантура во унгарското првенство. Како што пренесуваат хрватските медиуми, искусниот играч се очекува наскоро да го официјализира својот премин во редовите на Ујпешт.
Иако се шпекулираше дека кариерата ќе ја продолжи во Марибор или евентуално во Локомотива, Адеми сепак ќе се пресели надвор од Хрватска и ќе заигра во ново првенство.
Ова е второ заминување на македонски фудбалер од Динамо ова лето – претходно и Стефан Ристовски си замина од клубот. За него интерес покажуваат неколку клубови од Турција, како и од Обединетите Арапски Емирати, па наскоро ќе стане јасно каде ќе го видиме во следната сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













