Динамо Загреб ќе биде без капитенот Аријан Адеми на реваншот од плејофот за Лигата на Европа против Севилја в четврток. Причината поради која Адеми го пропушта овој важен европски натпревар е контузија на мускулот. Колку е сериозна повредата се уште не се знае, но од клубот потврдија дека до крајот на неделата ќе се проверува здравствената состојба на Адеми, а потоа ќе биде донесена одлука кога тој ќе биде подготвен да се врати на тренинзи.
Адеми се повреди на првенствениот натпревар против Локомотива во хрватското првенство. Тој влезе на почетокот на вториот дел и по само 12 минути се судри со соиграчот Јосип Мишиќ и падна на теренот. Откако му беше укажана помош, тој го продолжи натпреварот уште неколку минути, а потоа мораше да биде заменет.
Ова е трета повреда на капитенот на Динамо оваа сезона. Првиот пат страдаше на мечот против Омонија во јули, потоа во октомври тешко се повреди на мечот меѓу Македонија и Германија и паузираше подолго, а сега има контузија на мускулот.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski