Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми е на мета на шпански Бетис, пренесуваат дел од шпанските медиуми.
28-годишниот капитен на Динамо Загреб е еден од тројца фудбалери кои се трансферна цел на членот на Ла Лига. Според пишувањето на Шпанците, Бетис издвоил десет милиони евра од буџетот колку што би можел да плати за неопходен фудбалер на оваа позиција.
Адеми во 2012 година, тогаш како 21-годишен член на хрватскиот шампион, исто така беше цел на Бетис но одлучи да остане во хрватскиот шампионат. Македонскиот репрезентативец изминативе години добиваше бројни понуди за промена на средината, но секогаш остануваше во Динамо Загреб како знак на благодарност што клубот застана целосно зад него по неоправданата суспензија од УЕФА поради допинг.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Таневски го објави списокот на Македонија до 20 години за мечот со Лихтенштајн













