
Поранешниот тренер на Милан од „златната“ ера на клубот под водство на Силвио Берлускони, Ариго Саки, се расплака откако дозна за смртта на политичарот и медиумски магнат. Поранешниот газда на „црвено-црните“ од Милано почина рано денеска во клиника во Милано, каде што се лекуваше од леукемија и воспаление на белите дробови.
„Силвио беше дарежлив човек – брилијантен пријател на кој му должам сè. Тој се обиде да ја промени оваа тешка земја (Италија – р.) полна со индивидуалисти. Дали и тој беше таков? Не, размислуваше глобално и гледаше многу напред. Кога еднаш ме назначи за тренер на Милан, му реков дека е или луд или генијалец. На крајот излезе дека е луд генијалец. Можете сами да процените врз основа на резултатите“, изјави Саки за агенцијата АНСА.
Во две периоди на чело на Милан (1987-91 и 1996-97), Ариго Саки освои осум трофеи, вклучувајќи два последовни трофеи во КЕШ (1989 и 1990 година).

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal
