Connect with us

Аргентински фудбалер се самоубил зошто клубот му го раскинал договорот

Аргентинскиот фудбалер Самуел Реболјо (20) си го одзеде животот. Немилиот настан се случил откако младиот човек дознал дека неговиот тим Алдосиви повеќе не смета на него и не сака да му го продолжи договорот.


„Од клубот Атлетико Алдосиви, длабоко жалиме за смртта на Самуел Реболјо, играч кој минатата година беше дел од нашиот клуб. Челниците, тренерите, колегите и пријателите се збогуваат со него, се сеќаваат на него како одлична личност, која секогаш му била посветена на клубот и упатуваат сочувство до неговото семејство и најблиските“, објавија од аргентинскиот нисколигаш.


Реболјо пред да дојде во Алдосиви играше за Централ Север, Атлетико Тукуман, Ланус и за Платенсе.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови