Connect with us

Аргентински доктор откри: Му го извадиле срцето на Марадона пред да биде погребан

Истрагата спроведена во Аргентина утврди нови детали за смртта на Диего Марадона, а на површина излезе планот на дел од навивачите да му го украдат срцето пред погребот. Марадона почина на 25 ноември од срцев удар, што резултираше со акутен пулмонален едем. Смртта настапила неколку дена по операцијата на хематомот на мозокот.


Според аргентинскиот новинар и доктор Нелсон Кастро, автор на неодамна објавената книга „Здравјето на Диего: Вистинска приказна“, Марадона бил зависен од „сè што е деструктивно за него“, но имал отпорно тело, поради што живеел подолго од луѓето со медицинско досие слично на неговото. Посебна приказна е срцето на Марадона.

„Имаше срце од половина килограм, а обично тежи 300 грама. Имаше големо срце, срце на спортист, но и срцева маана“, рече Кастро, кој беше прашан и дали е вистина дека Марадона е погребан без срце.

Тој одговори потврдно, а потоа додаде:

„Група навивачи на Гимназија планираа да му го украдат срцето. Не успеаја, тоа ќе беше премногу смел потфат. Неговото срце беше извадено поради научно истражување, важно беше да се утврди точната причина за неговата смрт“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови