
Македонскиот прволигаш Шкендија го назначи Ардијан Нухиу за нов шеф на стручниот штаб. Тој доаѓа како наследник на Ќатип Османи и потпиша двегодишен договор со тетовскиот клуб.
„Се чувствувам многу добро што повторно сум овде. Ако како фудбалер успеав да ја освојам титулата во првата година, тогаш проектот што деновиве го откривме и кој разговаравме со челниците беше навистина убедлив. Лично јас сум подготвен за овој нов предизвик. Ќе се изгради многу силен тим за да биде подготвен за предизвиците во Европа, и во следната сезона во првенството“, изјави Ардијан Нухиу, по потписот со црвено-црните.
Нухиу доаѓа во Шкендија откако неколку години раководеше со Дрита Гњилане, со која ја освои шампионската титула и Суперкупот, а имаше и позитивни настапи во европските купови.
Стручниот штаб на Шкендија ќе биде пополнет со Муарем Бајрами кој ќе биде прв асистент на Ардијан Нухиу, додека Анди Кули ќе биде одговорен за видео анализата на натпреварите.
Кондициски тренер останува Иван Јовановски, додека тренер на голманите продолжува да биде Селадин Мустафи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
