Connect with us

Арда Ѓулер е опериран, ќе паузира најмалку еден месец

Едно од летните засилувања на Реал Мадрид, талентираниот играч за врска Арда Ѓулер, успешно го оперира десното колено, а интервенцијата е извршена во шпанската престолнина.


18-годишниот турски талент, потпишан од Фенербахче, се здоби со повреда на тренинг за време на претсезонската турнеја на кралскиот клуб во САД.

Првично се мислеше дека може да се опорави од повредата без операција, но на крајот Реал Мадрид одлучи дека операцијата е подобрата опција во овој случај.

Арда Ѓулер ќе биде надвор од терените за Карло Анчелоти најмалку еден месец, а во најдобар случај ќе се врати по репрезентативната пауза во септември.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови