Connect with us

Араухо се огласи по црвениот картон: Жалам што ве разочарав, напред Барса, сега и засекогаш!

Фудбалерот на Барселона, Роналд Араухо, им се извини на навивачите за црвениот картон и поразот од Пари Сен Жермен во четвртфиналето на Лигата на шампионите.


Дефанзивецот синоќа беше исклучен и го остави својот тим со човек помалку против францускиот шампион, што резултираше со пораз од 1-4 и елиминација од елитното европско натпреварување.

„Фудбалот, кој ми донесе толку многу радост, сега ме погодува многу силно. Им благодарам на оние кои безусловно се покрај мене, на моите соиграчи кои дадоа сѐ од себе на теренот и на навивачите кои веруваа во овој тим до самиот крај. Многу ми е жал што не успеав да ви ја дадам оваа радост. Ќе се обидеме повторно. Напред Барса, сега и засекогаш. Господ си ја знае работата“, напиша Араухо на социјалните мрежи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови