Ливерпул ќе го пречека Манчестер Јунајтед вечерва на „Енфилд Роуд“, а гостите ќе бидат без најдобриот фудбалер Кристијано Роналдо кој има семејна трагедија и не е достапен за овој натпревар. Португалецот вчера објави дека починал неговиот новороден син и ги преживува најтешките денови во животот.
Великаните од Премиер – лигата секогаш покажуваат респект за ривалите, така ќе биде и вечерва. Во седмата минута, на „Енфилд Роуд“ ќе има громогласен аплауз за Кристијано Роналдо, во знак на поддршка.
Ливерпул е во трка за шампионската титула и сигурно ќе сака бодовите да останат дома, додека Манчестер Јунајтед ќе се обиде и без португалската ѕвезда да стигне до позитивен резултат.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













