Connect with us

Апенините брујат за потегот на Влаховиќ: Зошто мораше така да симулира? (ВИДЕО)

Во дербито во Серија А, Интер го совлада Јувентус во Торино со 0-1 и практично го исфрли од трката за титулата. Клучниот момент на натпреварот се случи во судиското продолжение од првото полувреме, кога Хакан Чалханоглу погоди од белата точка.


Јувентус имаше неколку добри шанси во продолжение, но не можеше да избегне пораз. Напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ, беше цел на критики, не само поради слабата игра, туку и поради неспортскиот потег.

При еден дуел, играчот на Интер, Данило Д’Амброзио се жалеше на судиска одлука и ги крена рацете во воздух, а случајно зад себе го удри Влаховиќ по лицето.

Д’Амброзио веднаш му се извини на Влаховиќ, кој го погледна, а потоа падна на тревата како покосен, барајќи картон за ривалот. Потегот на Влаховиќ предизвика незадоволство во јавноста на Апенините, кои го осудија српскиот напаѓач за обид за симулација.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови