Connect with us

Антони им пркоси на критиките: Нема да престанам да го правам тоа што ме донесе до врвот

Новото засилување на Манчестер Јунајтед, Бразилецот Антони, се најде на критики поради неговиот заштитен знак на движење со топката околу својата оска. Тој ја испроба својата омилена финта и на натпреварот на „црвените ѓаволи“ во Лигата на Европа со Шериф Тираспол, но не беше добро прифатена од навивачите на тимот.

Очигледно и Тен Хаг не беше задоволен кога на полувремето направи замена и го повлече Ентони од игра.

Сепак, фудбалерот се бранеше откако дури и Пол Сколс го нарече „кловн“:

„Ние сме познати по нашата уметност и нема да престанам да го правам она што ме доведе до таму каде што сум“, напиша бразилскиот репрезентативец на Инстаграм, покажувајќи фотографија од својата финта.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови