Рома во вториот дел од сезоната ќе биде посилна за Анхелињо. Левиот бек од Шпанија ги помина лекарските прегледи и е првото сериозно засилување на Рома во јануарскиот преоден рок.
Тој е првото засилување за Рома под раководство на Даниеле Де Роси.
Анхелињо ќе биде на позајмица, со право на откуп на договорот.
Рома ќе може да го купи по цена од 5 милиони евра, плус дополнителни милион евра во случај на бонуси.
Момчето од Галиција кариерата ја започна во Манчестер Сити, кој го виде во јуниорските категории на Депортиво Ла Коруња, потоа играше за Њујорк Сити, Џирона, Мајорка, Бреда, ПСВ, повторно за Манчестер Сити, Лајпциг, Хофенхајм и за Галатасарај.
Анхелињо во Рома ќе го носи дресот со број „69“.
🐺 Benvenuto alla Roma, Angelino! 🤝🇪🇸#ASRoma pic.twitter.com/rCfNglsrve
— AS Roma (@OfficialASRoma) January 30, 2024
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal