Connect with us

Анхел ди Марија ќе ја заврши кариерата во Бенфика

Договорот на Анхел ди Марија со Пари Сен Жермен истекува на крајот од сезоната, а шпанските медиуми пишуваат дека Аргентинецот веќе донел одлука каде ќе ја продолжи кариерата.


Ди Марија има опција да го продолжи договорот на уште една година, но се чини дека нема да ја искористи. Тој треба да го напушти ПСЖ на крајот на сезоната како слободен играч, а потоа да ја заврши кариерата во Бенфика.

Ди Марија со парижаните освои 19 трофеи, а за клубот собра 289 настапи, 91 гол и 115 асистенции.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови