
Англиските фудбалски репрезентативци дополнително се здобија со статус на херои во очите на нивните сонародници откако одлучија да го донираат целиот бонус што би го заработиле со освојување на ЕП, а изнесува околу 9,5 милиони фунти. Тие ќе ги донираат премиите на Националната здравствена служба, чии вработени го изнесоа товарот на пандемијата на коронавирусот во последната година и половина.
Капитените на Ливерпул и на Манчестер Јунајтед, Џордан Хендерсон и Хари Мегваер беа меѓу иницијаторите на кампањата за помош на Националната здравствена служба минатиот мај. Дури и тогаш, тие ги обединија играчите на Премиер – лигата околу оваа цел.
Фудбалската асоцијација на Англија ќезаработи вкупно околу 24 милиони фунти доколку Англија го освои Европското првенство, а 40% од оваа сума ќе оди кај фудбалерите. Тие веќе одлучија да ги донираат пари и пораснаа во очите на сите луѓе на Островот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal