
Националниот тим на Англија се најде на листата на тимови со најнизок xG показател (очекувани голови) по првите два круга од групната фаза на ЕВРО 2024.
Тимот на селекторот Гарет Саутгејт го зазема претпоследното место на шампионатот по очекувани голови – 1.44 гола. Единствениот тим со полош показател е Шкотска – 0.79.
Во првите три селекции со најнизок xG е и Србија – 1.82 гола. Шкотска постигна два гола во два натпревари на ЕВРО 2024, исто како и Англија, а Србија има еден гол.
Терминот xG во фудбалот претставува кратенка од „очекувани голови“. Ова е статистичка мерка на создадените шанси за гол и веројатноста тие да бидат постигнати.
Франција сè уште нема постигнато гол на ЕВРО 2024.
Два возбудливи натпревари ќе се одиграат вечерва во рамките на ЕВРО 2024. Третото коло од групната фаза на турнирот во Германија започнува со два натпревари со ист почеток.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
