Connect with us

Англија У-21 е европски првак

Младата фудбалска репрезентација на Англија го освои трофејот на Европското првенство за фудбалери до 21 година. Англичаните во финалето во Батуми ја совладаа Шпанија со 1-0. Стрелец на голот беше Џонс во 45.минута, но всушност него топката го погоди и отседна во противничката мрежа откако Палмер изведе слободен удар.


Англија беше доминантна во текот на целиот турнир и посебно импресионираше со играта во одбрана, со оглед дека не прими ниту еден гол.

Шпанија преку Руиз во 51.минута постигна гол, но по прегледување на ВАР снимката не признат поради офсајд позиција.

Во 99.минута, Абел Руиз не реализираше и пенал за израмнување.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови