Бундес – лигата оди на мини зимска пауза до 2. јануари, но Џејдон Санчо има забрана да замине дома во Англија. Новата состојба со коронавирусот во Велика Британија придонесе тој да добие клупска забрана да замине дома за божикните и за новогодишните празници.
Новиот тренер Един Терзиќ заедно со раководството им препорача на „милионерите“ дека најдобро ќе биде деновите за одмор да ги поминат во Дортмунд.
„Не можеме да им дозволиме на фудбалерите да заминат во Англија за божикните празници. Доколку тоа се случи, би морале по враќањето да бидат во карантин, а тоа Борусија Дортмунд не може да си го дозволи“, изјави директорот Михаел Цорк.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













