
Најдобриот стрелец на Англија, Хари Кејн, е под знак прашалник за натпревар против САД в петок. 29-годишниот напаѓач утре ќе биде подложен на детално скенирање за да дознае дали ќе може да учествува на овој меч против „јенките“.
Кејн се повреди на почетокот на второто полувреме од 6-2 на Иран. Тој се судри со Мортеза Пуралигањи и го повреди десниот скочен зглоб, но на теренот остана до 75. минута кога беше заменет од Калум Вилсон. Подоцна капитенот на „трите лава“ малку накривнувал, а глуждот му бил преврзан.
Индициите велат дека повредата на напаѓачот не е многу сериозна и тој треба да биде на располагање за натпреварот против САД, но, сепак, е предмет на детален лекарски преглед.
Хари Кејн има 51 гол во 76 натпревари за Англија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Милан го договори Самуеле Ричи

Евро-фудбал
Болоња го враќа Чиро Имобиле во Италија
