Пишува: Никола Ѓуровски
Го нема Елиф Елмас, но затоа тука е капитенот Горан Пандев. Тој е искусен, го избегна чудесно коронавирусот со кој беше опколен речиси од сите страни во Џенова, но мотивот да се избори пласман на Европското првенство е посилен од се. Го знае тоа селекторот Игор Ангеловски.
„Среќни сме дека Пандев е тука со нас, успеа и покрај сите тие околности, а тоа само покажува колку му значи овој натпревар. Многу добро знам што разговаравме изминативе четири години и колку тој посакува Македонија да игра на Европско првенство. Им благодарам и на сите кои помогнаа да биде тука со нас, а сите добро знаеме од какво значење е неговото присуство. Мечот со Косово не носи чекор поблиску до Европско првенство. Македонија цели 30 години чека таква шанса, да избори пласман на ЕП и се надевам дека нашите фудбалери ќе ја израдуваат нацијата. Ме радува што сите кои се повикани се здрави и подготвени за предизвикот кој не очекува. За жал нема да биде со нас Елиф Елмас, но оние кои се тука верувам дека ќе го надополнат неговото отсуство. Јас и претходно нагласував дека тимот е тој треба да го надополнува секое отсуство, и тоа е уште поголем мотив за сите нас да славиме на овој натпревар и до го чекаме Елиф повторно да биде со нас во финалето во ноември“, изјави селекторот Игор Ангеловски по денешниот тренинг.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal