
Фудбалската репрезентација на Македонија го совлада Работнички со 2-0 на пријателскиот натпревар што се одигра на теренот со вештачка трева на комплексот на ФФМ. Селекторот Игор Ангеловски имаше тим составен претежно од фудбалери од домашното првенство и надополнет со неколкумина интернационалци.
“Сакам да им се заблагодарам на фудбалерите, што ги одработија овие три тренинзи, и на клубовите што ги ослободија од обврските, бидејќи ова не беше ФИФА термин, благодарност и на Работнички што ни излегоа во пресрет да одиграме тренинг натпревар. Резултатот беше во втор план, целта беше фудбалерите да имаат можност да се запознаат со методите и принципите на работа во А-репрезентацијата, некои од нив веќе имаа такво искуство, но другите што немаа, имаа можност за тоа, а ние имавме можност уште подобро да се запознаеме со нивните квалитети и можности. Задоволен сум од тоа што го одработија овие три дена, нормално дека ќе ги следиме во иднина, и во зависност од нивната форма и потребите на репрезентацијата ќе ги носиме следните одлуки” – селекторот, Ангеловски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Барди и официјално се раздели со Бодрумспор

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го доведе Оли Воткинс

Евро-фудбал
Баерн Минхен тргнува по Луис Дијаз од Ливерпул

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез

Евро-фудбал
Алегри го сака Серху Гираси во нападот на Милан
