Хајдук Сплит ја победи Горица на „Пољуд“ со 3-1. Тимот на екс-селекторот Игор Ангеловски реди порази и се наоѓа на последното место во првенството на Хрватска.
Марко Ливаја постигна два гола за домашните, а Чидози Авазие еден. Франсоа погоди за Горица.
„Честитки за победата на Хајдук. Мислам дека ја заслужија, особено со играта во вториот дел. Ние не искористивме некои ситуации во првото полувреме“, изјави Ангеловски.
Тој верува дека може да ја извлече Горица од дното.
„Може да се достигнат шест бода во фудбалот. Не смееме да се предадеме. Имаме уште 22 натпревари до крајот на првенството. Мора да продолжиме да веруваме во себе и да се бориме. ХНЛ никогаш не била порамноправна. Горица во сплет на околности на одредени натпревари испушти бодови. Не бевме во ниту еден натпревар инфериорни според играта“, истакна Ангеловски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Даниеле де Роси ќе биде нов тренер на Џенова
Втора лига
Брегалница и Детонит ремизираа без голови













