Connect with us

Ангеловски: Оваа Македонија има победнички менталитет да се врати и да триумфира и против поголеми од Косово

Игор Ангеловски е најуспешниот македонски селектор во историјата, но вели дека се уште не сме направиле ништо – затоа што Европско е таргегот. Косово го елиминиравме, претстои Грузија во ноември во финалето од плејофот во Лигата на нации. Но, и сега претстојат два меча од новиот циклус. Затоа Мрме „наредува“, мирно и главата долу.    

„Ви благодарам за се што направивте пред натпреварот, ја чувствуваме поддршката, тоа не носи напред. Среќни сме, ако победиме во Грузија ќе скокнам уште повисоко. Но, од утре мора да се вратиме во нормала зошто имаме натпревари. Горди сме, не делејќи се по ниеден основ испративме порака и нацијата тоа го виде и ни даде поддршка. Мора да мислиме на Грузија, но прво имаме други предизвици, кои ќе послужат како предигра за тоа што ќе биде во ноември. Во финалето ќе решаваат нијанси, би посакал да ги имаме сите играчи на број, ние не сме велесила, па да имаме широк ростер, секој ни е драгоцен, но за среќа тимот е тој што надополнува се“, вели Игор Ангеловски.

Беше неизвесно до крајот, а имавме шанси да го решиме мечот и порано. 

„Во фудбалот најдобро е да не трепериме, требаше да го решиме натпреварот порано, во второто полувреме доминиравме, но го имавме и Столе кој не спаси во последните секунди и од трагичар се претвори во херој. И затоа Столе е на тоа место, затоа што е психички силен. Моравме да го звршиме порано натпреварот затоа што имавме шанси. Победи поладната глава. И покрај несреќниот гол што го примивме, мислам дека навреме реагиравме, не ја загубивме главата. Се вративме, тоа е таа верба и победнички менталитет. Оваа репрезентација со пбоедничкиот менталитет се враќала и против посилни репрезентации. Овој натпревар имаше огромно значење, да не беше така – ќе го добиевме и полесно и убедливо“, истакна селекторот. 

Одговори и на прашањето за претседателот на ФФМ. 

„Претседателот си ја врши својата работа, јас својата и секој одговара за тоа што ќе го сработи“, одговори Ангеловски, а потоа побара и против Естонија.

„Со надобрите што ги имаме во моментов ќе излеземе против Грузија, но прво мора да се фокусираме на Естонија. Мора да бидеме први во групата. Сега сме први и зошто да не завршиме на првата позиција“, дополни селекторот на македонскиот национален тим.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови