Селекторот на македонската репрезентација, Игор Ангеловски по објавувањето на списокот со повикани фудбалери за натпреварите против Романија (25. март, Букурешт), Лихтенштајн (28. март, Скопје) и Германија (31. март, Дуизбург) од квалификациите за Светското првенство 2022, вели дека повиканите фудбалери се подолг период заедно и заслужуваат место во националниот тим.
„Списокот е составен од играчи кои беа дел од репрезентацијата веќе подолг период. Може да се забележи дека 99% од повиканите играчи се оние истите кои претходно го понесоа товарот, играа во Лигата на нации и квалификациите за ЕП и успеаја да ѝ го донесат историскиот успех на Македонија со пласманот на Европското првенство за прв пат во својата историја во сениорска конкуренција, нешто на кое чекавме од нашата независност. Како човек и како селектор, никогаш не би му го одземал правото на некој да биде дел од националниот тим, а тоа да го заслужува и со односот кон репрезентативниот дрес и со постигнатите резултати преку повеќегодишна макотрпна работа“, изјави Ангеловски.
Првиот собир на А тимот за претстојните активности во квалификациите за СП 2022 ќе биде на 22 март.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski