
Почнува фудбалската еуфорија за Европското првенство. Селекторот Игор Ангеловски го објави списокот на фудбалери кои ќе ја претставуваат Македонија на звршниот турнир, а најави и дека ќе се бориме за позитивен резултат против сите три селекции од групата, Австрија, Украина и Холандија.
„Навивачите се навикнаа на успеси, сега бараат да бидеме европски шампиони“, се пошегува на стартот Игор Ангеловски. Најави дека гледа шанса за позитивен резултат на сите три натпревари од групната фаза.
„Одиме со желба за надигрување и ќе ја грабнеме секоја шанса за позитивен резултат и пласман во втората фаза. Ќе го дадеме максимумот на секој натпревар, се разбира дека за ривали имаме квалитетни репрезентации. Јас прв верував во играчите и очекувам максимум од нив на секоја натпревар. Првиот собир е на 25 мај, со тренинзи стартуваме ден подоцна, а според УЕФА-регулативите, закажавме и уште еден тест против Казахстан на 4 јуни. Ги анализираме и противниците, со Австрија игравме и иако двапати не совладаа, ќе се обидеме да научиме од тие грешки, Украина исто така е многу квалитетна селекција, знаеме дека Шахтјор Доњецк двапати го победи Реал Мадрид, а таму има многу украински репрезентативци. На крајот одиме во Амстердам во Холандија со надеж дека повторно би можеле да се вратиме во Романија, ако ја минеме првата фаза“, изјави селекторот Игор Ангеловски.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?

Евро-фудбал
Јувентус го враќа Виктор Осимен во Серија А
