Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва (20.45 часот) го игра историскиот полуфинален натпревар од плејофот во Лигата на нации против Косово. Нема поправен испит, само еден ќе биде победник и ќе се пласира во финалето, на само еден чекор до Европско првенство.
Мотивите се огромни, мора да се игра мудро, храбро и со јасна стратегија. Селекторот Игор Ангеловски ја има стратегијата. Го нема Елиф Елмас, на негово место во составот ќе влезе Иван Тричковски, како поддршка за капитенот Горан Пандев во навалната линија.
Се друго е одамна познато.
На голот ќе биде Столе Димитриевски кој се врати во составот откако ја пропушти претходната репрезентативна акција поради позитивен тест на коронавирусот. Стоперскиот тандем е Дарко Велковски и Висар Муслиу, на бековските позиции Стефан Ристовски и Кире Ристевски.
Мора да има цврст блок во средниот ред, таму ќе бидат поставени Аријан Адеми и Стефан Спировски, пред нив Енис Барди како централен креатор на играта, поблиску до противничкиот гол за да може да се закани и со силниот шут од далечина. На левата страна во средниот ред ќе делува Езгјан Алиоски од кого се очекуваат брзи пробиви.
Во нападот, Горан Пандев и Иван Тричковски. Во опција за местото што го имаше Елиф Елмас се и Илија Несторовски и Бобан Николов.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski