Македонскиот селектор Игор Ангеловски го привлече вниманието на италијанската јавност откако во разговор за „Радио Марте“ отворено говореше за изненадувањето што минутажата на Елиф Елмас значително се намали со доаѓањето на Џенаро Гатузо на клупата на Наполи. Тој изрази надеж дека ситуацијата наскоро ќе се промени, потенцирајќи дека на нашиот национален тим му е многу важно Елмас да биде во натпреварувачки ритам во пресрет на бараж дуелот со Косово на 26 март.
„Нема да кријам, за Македонија е проблем што Елмас игра многу малку за Наполи во последно време. Сакаме да испишеме историја и да играме на едно европско првенство, а за да бидеме во топ-форма неопходно ни е фудбалерите да бидат стандардни во своите клубови. Мислам дека Елмас може да се снајде во формацијата 4-3-3 на Гатузо, и тоа на позиција што е поприродна за него. Се слушнав со Елис по победата над Лацио, да му честитам на големиот триумф. Беше пресреќен бидејќи се најде на теренот, иако влезе како резерва. Јас како селектор на Македонија знам дека тој поседува огромен потенцијал, тој е врвен талент, се надевам дека Гатузо ќе го увиди тоа и ќе му даде шанса“, изјави Ангеловски за „Радио Марте“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Млади репрезентации
Таневски го објави списокот на Македонија до 20 години за мечот со Лихтенштајн
Прва лига
Шкендија минимално го победи Работнички













