
Работнички во третото коло го очекува гостување кај Струга Трим Лум. Денешниот меч е закажан за 17 часот, а противникот забележа две победи во првите две кола.
Работнички нема позитивен резултат на стартот, па играчот за врска Матеј Ангелов се надева дека тимот ќе успее да го оствари токму во Струга.
„Струга е тешко гостување, а противникот оваа сезона е засилен и има големи амбиции. Го покажаа тоа со победите во првите две кола. Но, Работнички е подготвен за надигрување и мислам дека имаме сили да оствариме добар резултат. Работевме напорно изминатава седмица, сето од претходно го оставаме зад нас и фокусирани сме на денешниот дуел. Доколку ги реализираме на терен идеите на тренерот Љупчо Марковски, можеме да се надеваме на позитивен епилог“, вели Матеј Ангелов.
Академија Пандев ја пречекува Шкендија, додека Тиквеш е домаќин на Брегалница. Во Кратово, Силекс ќе ги одмери силите со ФК Скопје.
Вчера, Македонија ЃП ја совлада Победа со 4-1.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, ТРЕТО КОЛО (денеска 17 часот)
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА
СТРУГА ТРИМ ЛУМ – РАБОТНИЧКИ
ТИКВЕШ – БРЕГАЛНИЦА
СИЛЕКС – СКОПЈЕ
ВЧЕРА: МАКЕДОНИЈА ЃП – ПОБЕДА 4-1

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
