
Легендарниот Украинец Андриј Шевченко е најсериозен кандидат за нов селектор на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина.
Откако Фарук Хаџибегиќ доби отказ по дебаклот и поразот од Луксембург во Зеница во евроквалификациите, Босна и Херцеговина остана без селектор, а последните денови имаше многу потенцијални кандидати за клупата на „змејовите“.
Во игра беше и Славен Билиќ, а во моментот најсериозен кандидат е легендарниот Андриј Шевченко.
Поранешниот освојувач на „Златната топка“ последниот ангажман го имаше на клупата на Џенова, која ја водеше од 2021 до 2022 година, додека беше селектор на Украина од 2016 до 2021 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
