Connect with us

Андре Онана оваа недела прави трансфер во Манчестер Јунајтед

Трансферот на Андре Онана од Интер во Манчестер Јунајтед ќе биде финализиран во текот на оваа недела. Тоа најверојатно ќе се случи во среда или во четврток. Клубовите се во завршна фаза на преговори, а личните услови на Камерунецот беа разјаснети веќе минатата недела.


Онана ќе им се придружи на своите нови соиграчи во САД, каде што „црвените ѓаволи“ ќе заминат на претсезонска турнеја.

Според медиумите на Островот, Интер сака 51 милион фунти за Онана, но двата клуба ќе постигнат компромис и зделката ќе биде затворена за сума од 43 милиони фунти, односно 50 милиони евра.

Онана ќе биде вториот летен трансфер на Манчестер Јунајтед по Мејсон Маунт. Клубот во текот на оваа недела ќе се обиде да го финализира и трансферот на Расмус Хојлунд од Аталанта, со што најверојатно и ќе заврши селекцијата во клубот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови