Кит Го новата сезона во Втората лига – Исток ја отвора денеска од 17 часот со гостувањето против Беласица на стадионот „Младост“ во Струмица.
Во таборот на Кит Го владее нескриен оптимизам пред стартот на шампионатот, верувајќи дека тимот, и покрај играчките промени во летниот преоден рок, може повторно да игра квалитативно значајна улога на второлигашката сцена.
„Не очекува гостување во Струмица против екипата на Беласица, тим кој минатата година беше прволигаш. Беласица сега е со изменет состав но сепак тим за респект со традиција. Кит Го оваа сезона ќе игра на секој натпревар на победа, без разлика на противник секој позитивен резултат значи и подобар пласман на табелата, а оваа сезона Втората лига – Исток има многу квалитетни екипи и не очекува интересно првенство“ – вели крилниот офанзивец на Кит Го, Зоран Андонов.
Околу текот на летните подготовки и трансфер период, Андонов со став…
„Нашиот тим е засилен на сите позиции со неколку нови играчи. Токму тоа ни носи надеж и очекување на добар старт во шампионатот и секако нови победи за Кит Го“ – вели Андонов.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Интернационалци
Агон Елези стрелаше во вечното босанско дерби (ВИДЕО)
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)













