
ПСЖ направи вистински дрим-тим кога летово во тимот пристигнаа ѕвезди како Лионел Меси, Серхио Рамос и Џанлуиџи Донарума, но покрај врвни играчи потребна е и врвна подготовка за освојување трофеи. Шпанецот Андер Херера во божиќно интервју откри и една од тајните на „светците“.
Пред секој натпревар фудбалерите на гигантот од Париз пијат чудесен пијалок кој го подобрува ефектот на теренот на играчите. Сепак, иако им помага, никој не сака да го пие затоа што не е премногу вкусен.
„Ни даваат пијалок од цвекло од кое луѓето многу се гадат, но не им е гајле за тоа. Мислам дека цвеклото е единственото нешто што научно е докажано дека ги подобрува перформансите“, откри Херера.
Кога првпат го добил пијалокот кога дошол во клубот, искрено се исплашил. Отишол во тоалетот и таму видел дека урината му е црвена.
„Тоа е како црвен шејк и после натпреварот уринирате силни бои, како крв. Првиот пат реков „Боже, крварам“. Но, тогаш се сеќавате дека сте пиеле цвекло пред неколку часа”, изјави одличниот играч за врска.
Баскиецот откри и дека клубот ги советувал да не појадуваат на денот на натпреварот и секогаш да јадат тестенини со малку пилешко, зеленчук и банани пред меч.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Лацио се спаси од пораз против Јуве (ВИДЕО)

Интернационалци
Ајакс чукна на порти кај Елиф Елмас!
