
Сексуална работничка, наводно, му ги украла телефонот и паричникот на играчот од средниот ред на Пари Сен Жермен, Андер Ерера. Се наведува дека 32-годишниот фудбалер застанал на семафор додека возел во Париз, а неговите скапоцености се гледале на контролната табла на автомобилот.
Ерера бил сведок како непознатата жена влегува во неговиот автомобил за да ги украде предметите додека играчот возел, пред да го увери дека телефонот ќе си го добие доколку ја остави на одредена локација, тврдат француските медиуми.
“Немаше насилство. Андер Ерера се враќаше од “Паркот на принцовите” каде што учествуваше на една работилница. На пат за дома, едно лице влегло во неговиот автомобил и ги земало телефонот и паричникот што во моментот биле на повидок”, изјави член на менаџерскиот тим на Шпанецот.
“Тогаш, Ерера ѝ понудил пари во замена за паричникот и телефонот, по што, ја оставил личноста малку подалеку и веднаш се јавил во полиција. Целта на неговиот повик била да се уапси оваа личност, со цел да се спречи повторување на делото.”

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
