
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, зборуваше по победата на тимот од 5-0 против Алавес во натпреварот од 36. коло на Ла Лига. „Кралевите“ веќе ја обезбедија титулата, а италијанскиот стручњак истакна дека оваа сезона била особено посебна за него.
„Мислам дека ова е најдобрата сезона во мојата кариера. Голем дел од успехот на овој тим е да ги натерам сите да работат напорно, дури и кога ја немаат топката. Веќе ги започнавме подготовките за финалето на Лигата на шампионите. Следната недела ќе ги подготвиме играчите физички, а наредната недела и тактички. Но, сега мора да се одмориме. Го заслужуваме тоа“, изјави Карло Анчелоти.
Финалето од Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и Борусија Дортмунд се игра на 1 јуни на „Вембли“ во Лондон.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
